Вардар го скокна Шкупи, продолжува на два фронта (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар го продолжува походот во Купот на Македонија. Избраниците на Чедомир Јаневски го совладаа Шкупи со 0-2 на стадионот во Ѓорче Петров и закажаа четвртфинална пресметка со Шкендија во ова натпреварување. Николов и Максимов ја тресеа мрежата на тимот од Чаир и ја ефектуираа доминацијата што „црвено-црните“ ја имаа во текот на целиот натпревар.

По исцрпувачката полусезона, во која вардарци играа на три фронта, напролет ги очекува атака на двојната круна, а и во двете натпреварувања на патот им стои токму Шкендија…

Се вчитува...