Вардар го спасува Пелистер, Работнички долета до третото место

Некогаш беше вечно дерби, а сега е меч за дилеми. Вардарци загубија на арената „Филип Втори“ во Скопје од Пелистер со 2-3 и му понудија три бода со кои се уште може сериозно да се надева да обезбеди опстанок во Првата лига. Работнички оствари значаен триумф (0-1) на гости кај Академија Пандев и се искачи на третата позиција на табелата, откако Силекс загуби од Победа (1-0).

Шкупи исто така е во сериозна трка за излез во Европа, откако со 3-0 во совлада тимот на Ренова на Чаир. Шкендија не дозволи да се срами како Вардар и го совлада Скопје на Градскиот стадион во Тетово со 3-1.

Барсегјан го отвори резултатот во корист на Вардар во осмата минута, но Иве Трифуновски од пенал израмни само пет минути подоцна. Во вториот дел, Блажевски во 60.минута реализираше од пенал за „црвено-црните“, но потоа Пелистер се издигна од пепелот и со головите на Коњарски и на Благоја Наумовски стигна до значаен триумф.

Чарлс Гофри беше стрелец на победничкиот погодок на „романтичарите“ на гости против Академија Пандев. Тој погоди во 87.минута за значајни три бода и искачување на третата позиција, која носи пласман во Лигата на Европа. Победа го совлада Силекс со 1-0, со голот на Зоран Даноски во 49.минута од мечот.

Шкендија славеше со 3-1 против Скопје. Радески во втората минута донесе водство, а Бенјамин Демир израмни во 13.минута. Но, во вториот дел, Изаир Емини и Арменд Алими донесоа триумф за новиот шампион.

Шкупи со 3-0 ја совлада Ренова. Кристијан Стојкоски донесе водство, а во вториот дел Баже Илијоски и Ермедин Адем го заверија триумфот.

ПРВА ЛИГА, 34.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ 3-1

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 0-1

ПОБЕДА – СИЛЕКС 1-0

ШКУПИ – РЕНОВА 3-0

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 2-3  

Табела: Шкендија 85, Вардар 53, Работнички 48, Силекс 46, Шкупи 45, Академија Пандев 42, Ренова 41, Победа 35, Пелистер 34, Скопје 32.

Се вчитува...