Вардар гостува под „Тумбе кафе“, тоа секогаш буди емоции

Кога Вардар гостува под „Тумбе кафе“ за тоа се зборувало денови однапред, се подготвувала „фешта“, Чкембарите ги чекале Комити во заседа. Сега е поинаку, трибините се празни, двата клуба не се со раскошен фудбалски потенцијал, но дербито меѓу Пелистер и Вардар секогаш буди посебни емоции.

Борче Маневски знае како е да се биде фудбалер и на Пелистер и на Вардар, битолчанецот сега повторно е во домашното јато и се надева на триумф на „зелените“.

„Мечевите меѓу Пелистер и Вардар секогаш се посебни. Така ќе биде и овојпат иако многу ќе недостига публиката. Но, ситуацијата е таква, сите треба да се фокусираме на играта и се надеваме на позитивен исход“, истакнува Маневски.

Вардар не е моќен како изминатите сезони, но сака да извлече поволен резултат во Битола. Избраниците на Александар Васоски се подготвени за надигрување.

Вардар во моментот се наоѓа на осмата позиција, Пелистер е деветти, но моментниот пласман никогаш не значи многу кога е во прашање дерби – пресметката на македонскиот фудбал.

ПРВА ЛИГА, 8.КОЛО

БИТОЛА: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР ( денеска, 15 часот)

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1-1

МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 2-0

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0

БЕЛАСИЦА – РЕНОВА 1-1

ШКУПИ – БОРЕЦ 3-0

Се вчитува...