Вардар и Бадел рутински до финалето на Купот на Македонија за жени

 Кошаркарките на Вардар и на Бадел ќе ги одмерат силите во утрешното финале на кошаркарскиот Куп на Македонија за жени откако овие два тима попладнево рутински ги оправдаа фаворитските улоги против Пелистер, односно Кожувчанка. „Вардарки“, кои настапуваат засилени со две американски кошаркарки, немаа никакви проблеми на дуелот со Пелистер, триумфирајќи со убедливи 67-46.

Прашањето на победникот беше решено уште пред крајот на втората четвртина, кога „црвено-црните“ првпат дојдоа до двоцифрена предност, што потоа рутински ја зголемуваа се до конечните 21 поен разлика.

Американката Ватс со 16 поени беше најефикасна кај Вардар, додека Муса оствари дабл-дабл од 11 поени и 15 скокови.

IMG_6837

IMG_6892

Претходно, во рамките од првото полуфинале Бадел рутински го доби мечот против Кожувчанка со 63-47. Кошаркарките на Кожувчанка парираа само во првата четвртина (16-12), за потоа во вториот и во третиот период фаворитот да ја преземе целосно контролата над играта и резултатот. Во последните десет минути се влезе со убедливи 56-30 за скопскиот клуб, по што тренерот на Бадел реши да им даде шанса на своите помлади кошаркарки, па меот на крајот заврши со конечни 16 поени разлика.

Трајчевска со 27 поени и 11 скока беше главна фигура на ова полуфинале, Пејковска постигна 14 поени за Бадел, додека Славица Наков со 16 поени беше најефикасна кај Кожувчанка.

IMG_6766 IMG_6784

Се вчитува...