Вардар и Металург се судрија со термините!

Скопје е единствениот град што има две екипи во машката ракометна Лига на шампионите, што носи многу врвен ракомет во македонската престолнина, но некогаш носи и проблеми за „седмата сила“ . Посебно кога двата скопски ривали ќе ги закажат прес-конференциите пред натпреварите во ЛШ, во ист термин на две различни локации.

Вардар и Металург „се судрија“ со термините за задолжителните прес-конференциите пред претстојните натпревари во Лигата на шампионите што ќе ги играат викендов во Скопје. Вардар во сабота го пречекува ППД Загреб, а Металург во недела ќе биде домаќин на Чеховски медведи.

И едните и другите имаат прес конференции утре со почеток во 12 часот! Металург во СЦ „Борис Трајковски“, Вардар на другата страна на Скопје, во СЦ „Јане Сандански“….

Се вчитува...