Вардар и Шкендија во младинското, Њу Старс и Победа во пионерското финале од Купот

Вардар и Шкендија ќе играат во младинското финалето од Купот на Македонија, додека во финалето во пионерска конкуренција ќе играат ФК Њу Старс од Скопје и прилепска Победа.

Во полуфиналните реванш пресметки кај младинците Вардар славеше против Работнички со 1-0, додека Шкендија ја победи Академија Пандев со 3-1.

Еден од најдобрите македонски тимови за младински категории, ФК Њу Старс, пак, ќе игра во финалето во пионерска конкуренција – генерација 2002 против Победа. Екипата на Њу Старс во двомечот од полуфиналната пресметка беше подобра од Шкупи славејќи на домашен терен со убедливи 3-0, откако во Чаир загуби со 1-2.

И двете генерации на Вардар, петлињата и помалите петлиња денеска обезбедија финале на Купот со победите над Академија Пандев односно Шкендија со идентични 3-1.

Петлињата на Вардар имаа 2-2 по првиот меч, но со денешниот триумф се пласираа во финалниот меч. Кај помалите петлиња, пак, ситуацијата беше далеку појасна со триумфот од 0-3 во Тетово над Шкендија, и денеска со триумфот само го потврдија пласманот во финалето.

Се вчитува...