Вардар игра фантастично: Убедлив триумф на гости кај Сесвете

Ракометарите на Вардар дојдоа до четвртиот триумф во петтиот натпревар во ЕХФ Европската лига, откако убедливо со 24-38 го совлаа тимот на Сесвете на гостувањето во Хрватска. Со тоа „црвено-црните“ го потврдија првото место и пласманот во главата рунда во ова натпреварување.

„Црвено-црните“ одиграа фантастичен натпревар, а победникот го решија уште по првиот дел, кога имаа предност со 9-18. Во вториот дел не само што не дозволија Сесвете да ја стигне разликата, туку дури успеаја да ја зголемат. Во еден миг Вардарци имаа предност и од 17 голови разлика (17-34) што беше највисоката на овој меч.

Урош Митровиќ со седум голови беше најефикасен, додека Виктор Јанковски постигна шест. Кај поразениот тим Думенчиќ постигна пет голови.

Се вчитува...