Вардар игра незапирливо (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар реди победи и во новата 2017 година, а со оваа последната, на домашен терен против Загреб, „црвено-црните“ се искачија на првото место во групата во Лигата на шампионите, пласман што доколку се задржи би требало да донесе и нешто полесен ривал во четвртфиналето, во главните битки за учество на фајналфор турнирот во Келн.

Радува резултатот, но уште повеќе играта, „вардарци“ делуваа зрело, точно знаеја што сакаат, па откако рано стигнаа до солидна предност рутински ја задржаа до самиот крај. Така победуваат „големите“, без да вложат максимален напор против екипи што реално не се на нивно ниво.

[new_royalslider id=”501″]

Се вчитува...