ВАРДАР ИМА ОДЛИЧЕН РЕЗУЛТАТ НА ПОЛУВРЕМЕТО: Талески ја чува предноста во Рига!

Вардар има одличен резултат и водство од 0-1 по првото полувреме на гостувањето против летонската Рига на реванш дуелот од 2. квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА.

Со тоа е анулирана предноста на Летонците од Скопје каде Рига славеше со 2-3. „Вардарци“ издржаа во првото полувреме иако се и со голем хендикеп по директниот црвен картон за Филип Најдовски.

Вардар до водство дојде  во 17. минута по извонредниот гол со волеј-удар на Давид Бабунски.

Но, веќе во 19. минута директен црвен картон за Најдоски кој стартуваше пред македонскиот гол, па до крајот „вардарци“ ќе играат со фудбалер помалку.

Домашните по исклучувањето на Најдовски комплетно доминираат со неколку 100% шанси, но одличен на голот на Вардар е Давор Талески кој спречи најмалку четири извонредни шанси на Летонците за гол.

Се вчитува...