Вардар испушти победа против Висла Плоцк

Вардар одигра нерешено со  Висла Плоц 31-31 во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите. Независно од исходот на овој меч, македонскиот шампион веќе од претходно го имаше обезбедено првото место во групата и директниот пласман во четвртфиналето од ЛШ. Висла Плоц која пред овој меч се уште беше во игра за пласман во следната фаза од ЛШ, му пружи достоен отпор на шампионот и во поголем дел од мечот беше во предност, а на крај успеа да се избори за реми, но не и за пласман во Топ 16 во ЛШ.

Последен патник во осминафиналето од ЛШ е тимот на Кристијанштад кој во решавачкиот меч го победи ППД Загреб во гости со 24-27  и го обзебди шестото место во групата А.

Полскиот вицешампион тргна офанзивно во натпреварот во кој бркаа победа за осминафинале во ЛШ. Промашениот седемерец на Тимур Дибиров им отвори шанса на гостите да поведат и да одржуваат минимална предност, а вардарци да бркаат изедначување во првата четвртина од натпреварот.

Прв пат на два гола позитива Висла Плоцк дојде во 18 минута со погодокот на Марко Тарабохија за 7-9. А, веќе во следниот напад Де Толедо зголеми на 7-10 што беше сигнал Раул Гонзалес да го искористи првиот тајм-аут. Вардарци имаа невообичаено слаба реализација во обој дел од натпреварот, а гостите на спротивната страна играа максимално рационално и ефектно ја користеа секоја шанса.

Раул Гонзалес се обиде со неколку ротации во составот и со одбрана 5-1 со Жоан Канељас напред, да го сопре налетот на Висла Плоц и успеа во тоа. Вардарци врзаа три гола во серија и дојдоа до ново изедначување на 12-12 на шест минути пред крај на првиот дел. Нерешено остана и на крајот од првото полувреме (16-16) во кое Вардар ниеднаш не успеа да дојде во водство.

Висла Плоцк ја задржа иницијативата и на стартот на второто полувреме. Прецизен во првиот напад беше Жилберто Дуарте и му донесе ново водство на гостинскиот тим. Одбраната на Вардар и во продолжението на натпреварот ја немаше потребната поддршка од голманите. Тоа им овозможи на ракометарите на Висла Плоц релативно лесно да доаѓаат до реализација и да се одржуваат во водство.

„Црвено-црните“ во наредните минути заиграа поагресивно во добраната. Притисокот на домаќинот изнуди две грешки на противникот, а Вардар казни со три гола во серија и прво водство на натпреварот од 20-19 во 38.минута. Но, полскиот тим не се предаваше, а вардарци во наредните минути дозволија лесно да ја прокоцкаат предноста и на пет минути пред крај резултатот повторно да биде изедначен 25-25. Во завршните минути се играше гол за гол. Вардар не успеваше да се одлепи, Висла Плоцк изедначуваше. На 30 секунди пред крај гостите изедначија на 31-31, а Стојанче Стоилов во последниот напад не успеа да реализира за победа на Вардар.

Со минимална гол предност (23-22) вардарци влегоа и во последната четвртина од натпреварот. Гостите овој пат беа ставени во позиција да бркаат резултат, а во таква позиција и многу повеќе да грешат. Вардар тоа знаеше да го искористи, врза три гола во серија и прв пат на мечот дојде на +3 поведувајќи со 27-24 на десет минути пред крај.

Лука Циндриќ постигна седум, а Игор Карачиќ шест гола за Вардар. Жилберто Дуарте со 10 гола беше најефикасен кај Висла Плоцк.

Како првопласиран во групата А, Вардар ја пресконува следната осминафинална фаза и продолжува директно во четвртфиналето на ЛШ што е последен филтер пред Ф4 турнирот во Келн. Првиот четвртфинален натпревар вардарци ќе го играат на гостински терен во периодот од 18/22 април, а реваншот ќе биде во Скопје во периодот од 25/29 април. Следен противник на Вардар ќе му биде победникот од осминафиналниот дуел меѓу ПИК Сегед и четвртопласираниот тим од групата Б, Кјелце или Кил, во зависност од разврската во последното коло што ќе биде позната по завршувањето на дуелот меѓу ПСЖ и Кил.

Се вчитува...