Вардар ј. подобар од Металург 2 во „дербито на дното“

Вардар јуниор стигна и до четвртата своја победа во шампионатот од Првата македонска ракометна лига славејќи во дерби пресметката на дното против Металург 2 со 33-25 (18-15).

Во дуелот на двете екипи кои се при дното на табелата, единствено пред Работнички, „вардарци“ благодарение на поквалитетно одиграното второ полувреме стигнаа до победата.

Металург 2 имаше водство во поголемиот дел од првото полувреме, имаше и предност од 9-13, но сепак на одмор замина со негатива од три гола (15-18).

На почетокот од вториот дел Вардар брзо се одлепи со серија од 4-0, по што веќе беше јасно кој ќе ја однесе победата. По овој триумф „вардарци“ со 14 бода и натаму се на претпоследната позиција, веднаш зад Металург 2 кој има 18 бода. На последното место е Работнички без бодови.

Се вчитува...