Вардар ја плати казната кон УЕФА од 250.000 евра

ФК Вардар ја подмири казната од 250.000 евра кон УЕФА, со што најтрофејниот македонски фудбалски клуб официјално ги затвори долговите настанати поради низа неправилности во работењето пред летото 2024 година.

Од раководството на клубот информираат дека со овој чекор се отстранети сериозните административни пречки кои правеа проблем на напредокот на црвено-црните.

Истовремено, раководството најави целосен фокус кон стабилизација на клубот, модернизација на инфраструктурата и враќање на Вардар на патеките на успехот на домашната и меѓународната сцена.

Се вчитува...