Со оглед дека има потреба од уште засилувања во одбраната, особено по европските настапи, Вардар е во потрага по ново име како стопер. Според информациите до кои дојде „Екипа“, прв пик е поранешниот црногорски репрезентативец, Душан Лагатор кој е пред потпист со македонскиот шампион.
Лагатор има 32 години, и во моментов настапува во Првата лига на Индонезија во тимот на Макасар. Лагатор во минатото беше дел од Дебрецен, Висла Плок, играше и во Русија, во екипите на Сочи и на Динамо Санкт Петерсбург, а има играно и во Чукарички, како и во црногорските Младост и Могрен.
Лагатор има девет настапи за најдобрата репрезентација на Црна Гора, а последен пат настапил во 2021 година, против Холандија. Покрај стоперската позиција, Лагатор може да играи на позицијата последен играч за врска, но во Вардар сигурно би бил засилување на позицијата стопер.
На вчерашниот меч со Брегалница, стопери играа искусниот ветеран Ненад Мишковски, како и Филип Цветковски, кој игра како лев бек, но принудно беше вратен на стоперската позиција. Ги немаше двајцата главни стопери Дарко Велковски и Мислав Матиќ, а не беше во комбинација ниту Филип Најдовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
