Вардар како катапулт – Периќ ќе го наследи Дејвис на клупата на Русија

Поранешниот селектор на Србија сега тренер на голманите во Вардар, Дејан Периќ, се приклучува во стручниот штаб на руската репрезентација. Периќ ќе го наследи Шпанецот Давид Дејвис како помошник на рускиот селектор, Едуард Кокшаров.

Своето деби на руската клупа, Дејан Периќ ќе го има на крајот од месецов на првите натпревари од квалификациите за ЕП 2020 во кои Русија игра со Италија и со Словачка.

Давид Дејвис кој до крајот на минатата сезона му беше помошник на Раул Гонзалес во Вардар, извесен период беше и асистент на Кокшаров во руската репрезентација. Но, летово Шпанецот ја напушти функцијата и стана селектор на Египет, а наскоро може да стане и тренер на Веспрем.

Се вчитува...