Вардар ќе го предизвика Пелистер во финалето на турнирот во Струга

Ракометарите на Вардар ќе го предизвикаат Пелистер во финалето на 49. издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга.

„Црвено-црните“ во последниот меч од групатаа славеа над Бутел со 25-24 и со тоа изборија пласман во финалниот меч кој на програмата е утре. Вардар не одигра на своето ниво и до победата стигна со голот на новата аквизиција Гурбиндо на пет секунди до крајот на мечот.

Ова ќе биде реприза на ланското финале во кое Пелистер славеше, а битолчани беа подобри и во Суперкупот на Македонија кој се играше во средата.

Во мечот за третото место ќе играат Бутел и Тиквеш, додека во мечот за петтото место ќе се сретнат Металург и домаќинот Струга.

Се вчитува...