Поради подобриот рејтинг на својот противник во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите, финскиот Купс, македонскиот шампион Вардар ако ги мине Финците ќе го преземе носителското место за следната рунда натпревари.
Ждрепката за 2. квалификациско коло за ЛШ е денеска од 12 часот во Нион, а Вардар ќе биде меѓу носителите пред истата, на тој начин во втората рунда натпревари избегнувајќи противници како Црвена Звезда, Лех Познањ, Динамо Загреб…
Можни противници на Вардар за 2.квалификациско коло се победниците од следните двојки од првата рунда, плус и данскиот и шведскиот шампион, Аргхус односно Мјалби:
1. Арарат Ерменија – Рига (Летонија)
2. Клаксвијк (Ф. Острови) – ФК Атерт (Луксембург)
3. Тре Фиори (Сан Марино) – Ларне (С. Ирска)
4. Сабах (Азербејџан) – ТНС (Велс)
5. Архус (Данска)
6. Мјалби (Шведска)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
