Вардар на домашен погон до лесна куп победа

Ракометарите на Вардар стигнаа до лесен триумф во четвртфиналната група од Купот на Македонија против Тиквеш со 42-24. „Црвено-црните“ на домашен погодн без никакви проблеми уште во првиот дел ги разрешија сите дилеми околу победникот откако на пауза заминаа со предност од 21-14.

До крајот само рутински го однесоа натпреварот до самиот финиш за конечен триумф од 42-24. Димитар Димитриоски со 10 и Томислав Јагуриновски со девет гола беа најефикасни во победничкиот табор, додека Карапалевски и Атанасовски завршија со по шест гола. Кај поразените Страхиња Симиќ заврши со 11 гола.

Вардар денеска попладне за место на Ф4 турнирот во домашниот куп ќе игра со победникот од мечот меѓу Астраион и Радовиш.

Се вчитува...