Вардар на колена: Шкендија со „петарда“ за составот на Васоски… (ВИДЕО)

Шкендија сосема очекувано со убедливи 1-5 (1-2) славеше против крпениот сезонава Вардар во дербито на 9. коло од Првата македонска фудбалска лига. Избраниците на Александар Васоски поведоа на натпреварот, но тоа само ги налути фаворизираните гости кои потоа максимално реализирајќи стигнаа до убедлив триумф.

„Вардарци“ поведоа со голот на Јован Попзлатанов уште во 11. минута… По прекрасна акција како од учебник Попзлатанов убаво реализираше од 12 метри…

Но, потоа Шкендија успеа да дојде до комплетен пресврт уште во првите 45 минути. Најпрво во 15. минута прекрасен деби-гол во дресот на тетовци постигна Флорент Рамадани…

Во 40. минута извонредна акција на Љупче Дориев и Бесарт Ибраими која одлично ја круниса Валон Ахмеди…

Се вчитува...