Вардар не е за отпишување – Пелистер се спасуваше од пораз во Скопје, Шкендија и Шкупи до гостински победи (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 19. КОЛО….

Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (2-2)

Петковски 3′, Мирчевски 48′  – Пејаковиќ 22′, Маневски 80′

Тетово: РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (2-3)

Јусуфи 59′, Стојчевски 61′  – Каланоски 41′ (п), 86′(п), Гуџуфи 81′

Струга: СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

Алтипармаковски 85′ – Личина 50′

Велес: БОРЕЦ – ШКУПИ (0-1)

Цветановски 78′

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (1-2)

Ивановски 22′ – Драшковиќ 42′(аг), Дориев 58′

ПРЕТХОДНО (13.02.2021)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 0-1

======================================================================================

  • Шкендија со пресврт триумфираше во Кратово против Силекс, а изненадувачка убедлива победа од 2-4 на Беласица против Ренова во Тетово!
  • Заврши и дуелот во Велес. Шкупи минимално со голот на Матеј Цветановски во 78. минута дојде до победата против Борец.
  • Крај на натпреварот во Струга со поделба на бодовите меѓу Струга ТЛ и Македонија ЃП.

РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (2-4)

2-4 – 90′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Хет-трик на Каланоски за голема победа на Беласица во Тетово.

  • Крај на натпреварот во Скопје. Вардар и Пелистер одиграа без победник, 2-2. Гостите се спасуваа со голот на Маневски во финишот од средбата.

РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (2-3)

2-3 – 86′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Каланоски од пенал повторно носи предност за струмичани

СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

1-1 – 85′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Алтипармаковски носи израмнување за стружани со „лавовите“

РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (2-2)

2-2 – 81′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Струмичани со погодокот на Бесар Гуџуфи доаѓаат до израмнување

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (2-2)

2-2 – 80′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Во мешаницата пред голот на Вардар, Борче Маневски шутира од 12 метри ниско по земја за израмнување

БОРЕЦ – ШКУПИ (0-1)

0-1 – 78′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Чаирчани со голот на засилувањето Матеј Цветановски поведуваат во Велес

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (2-1)

73′ – Одлична шанса за Пелистер за израмнување. Ристе Илијовски од шутира непрецизно од пенал-ситуација

РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (2-1)

2-1 – 61′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. По само две минути погодува и Филип Стојчевски за пресврт во Тетово.

РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (1-1)

1-1 – 59′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Фатјон Јусуфи донесува израмнување за домашните

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (1-2)

1-2 – 58′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Алими нафрли од левата страна од слободен удар, а Дориев со глава од 15 метри постигнува вистински евро-гол со лоб на противничкиот голман

СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)

0-1 – 50′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Нафрлување од слободен удар, одлично проигрување пред голот на Струга ТЛ и Личина со глава од непосредна близина погодува за 0-1


ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (2-1)

2-1 – 48′ – ГООООООЛ ЗА ВАРДАР. Мартин Мирчевски. Нафрлување од левата страна, лоша реакција на гостинската одбрана, а на одбиената топка одлично шутира Мирчевски од пенал-ситуација!

  • Почеток на вториот дел…
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

РЕНОВА – БЕЛАСИЦА (0-1)

0-1 – 41′ – ГОООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Антонио Каланоски од пенал носи водство за струмичани во Тетово

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (1-1)

1-1 – 42′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Алими нафрли од корнер од левата страна, а дефанзивецот на Силекс, Срѓан Драшковиќ неспретно реагира постигнувајќи автогол


ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (1-1)

35′ – Добар шут на Размоски, но брани вардаровиот голман Илиќ

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (1-0)

1-0 – 22′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Иван Ивановски одлично продира по левата страна, и мајсторски шутира откосо од 15 метри за водство од 1-0


ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (1-1)

1-1 – 22′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. По корнерот од левата страна, во мешаницата пред голот на Вардар најдобро се снаоѓа Пејаковиќ кој од три метри стрела во мрежата на „вардарци“


СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-0)

16′ – Одлична шанса за Силекс. Мустафов нафрли од левата страна, а пред голот на гостите Серафимовски осамен во скокот со глава но топката завршува над гредата од голот на Захов

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (1-0)

14′ – Прва посериозна можност за Пелистер, но Кочоски шутира непрецизно

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 3′ – ГООООООЛ ЗА ВАРДАР. Длабочинска топка, кикс на голманот на Пелистер, Талевски, а Филип Петковски мајсторски од 18 метри ја искористува грешката на гостинската одбрана

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 19. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати се составите за пресметката меѓу Вардар и Пелистер во Скопје…

======================================================================================

Во 19. коло од ПМФЛ, прва презентација на клубовите по зимската пауза. Неизвесна битка за опстанок низ пролетниот дел од шампионатот, но и тешка битка за титула во која се очекува главна улога да играат Шкендија и Шкупи.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...