Ако сака Вардар и натаму да остане во Европа, тогаш вечерва на гостувањето во Летонија нема друг избор. Мора да дојде до триумф над Рига, за да ја анулира предноста од првиот меч во Скопје, кој го загуби со 3-2, и сега ќе мора да брка победа по секоја цена.
„Црвено-црните“ загубија уште еден европски натпревар пред своја публика, но на гостински терен против Купс покажаа дека знаат да изненадат. Токму таква игра и таков резултат им треба и вечерва во главниот летонски град.
Тренреот на екипата, Кристијан Фабијани пред дуелот вели дека притисокот ќе биде брз Рига, и дека Вардар ќе мора да игра трпеливо и тактички перфектно, за добар резултат од ова гостување.
„Ни следи нов европски натпревар за оваа сезона. Тактички мора уште повеќе да се подобриме од претходните мечеви, да ги намалиме грешките, а притисокот ќе биде повеќе врз домаќинот Рига. Мора да играме трпеливо, тактички да бидеме перфектни и со намалени грешки во сите линии. Сите играчи кои допатуваа со нас ќе конкурираат за игра, ги немаме во тимот само Хоакин Торес и Бобан Николов. Го имаме официјалниот тренинг за финални подготовки за мечот.“, изјави тренерот Кристијан Фабијани.
Капитенот Азер Омерагиќ вели дека и натаму не е готово, и се надева дека Вардар ќе функционира добро тактички и ќе дојде до победа.
„По натпреварот во Скопје, ни следи реваншот во Рига. Ништо не е готово затоа што ни следи второ полувреме со ривалот. Ќе се бориме на терен, ќе играме за дресот и боите на Вардар, сакаме добро европско издание. Ако функционираме добро тактички и без грешки и ако ги следиме советите на тренерот од тренинзите, можеме до позитивен резултат за нас во Рига“, изјави капитенот Азер Омерагиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
