Шкендија денеска (14.30 часот) на арената „Тодор Проески“ ќе ги одмери силите со Вардар. Според традицијата, составот на Ернест Ѓока важи за фаворит на овој меч.
На последните 12 натпревари, Шкендија не знае за пораз од Вардар. Осум од нив во првенствените пресметки и четири во Купот на Македонија. Последен пат Вардар ја совладал Шкендија (4-2) пред три години, на 14 октомври 2017 година, а единствен од овој тим кој настапуваше и тогаш е Дејан Блажевски.
Најтрофејниот македонски клуб оваа сезона сепак нема таква моќ како во минатото, но на избраниците на Александар Васоски сигурно нема да им недостасуваат мотиви за да се обидат да ја совладаа Шкендија.
Дополнителен, личен, мотив носи и Васоски кој досега нема победа против Шкендија како тренер на „вардарци“. Зад себе има осум дерби натпревари против тетовци, со пет ремија и три порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА