Вардар се сели во Охрид, стартуваат и младинските категории – Христов останува директор на школата

Со одложувањето на првото пролетно коло во Првата македонска фудбалска лига, се чини најмногу доби Вардар кој има седум дена плус за подготовки пред натпреварот со Пелистер.

Токму поради тоа првиот тим предводен од Никола Илиевски – Џиџи се сели во Охрид каде ќе бидат одработени мини-подготовки, а планирано е одигрување и еден пријателски натпревар.

Денеска со своите активности стартува и Академијата на ФК Вардар. Директор на младинската школа на „вардарци“ и натаму останува Ѓорѓи Христов, а координатор – Саше Милошевски.

Филип Ивановски и натаму ќе го предводени младинскиот тим, а во Академијата како тренери продолжуваат Сашо Тодоровски, Милан Коцески, Драги Стефановски, Бобан Андоновски, Зоран Петковски и Саше Милошевски.

Се вчитува...