Вардар од водство до негатива за четири минути против Рига (ВИДЕО)

Негатива од 1-2 има Вардар по првиот дел против Рига во меч од Лигата на Конференции. Вечерва на „Тодор Проески“ Вардарци успеаја први да постигнат гол, меѓутоа позитивата ја претворија во минус за само четири минути.

Рига се закани прва откако Гало ја погоди пречката по акцијата со Сикуера, а потоа се обиде и Черномордијс со глава само над голот.

Експлозија на „Арената“ во 28. минута. Центаршут од десната страна, топката удри во главата на еден од играчите на Рига, стигна на левата страна до Кастењада, кој го мина Јурковскис, и успеа да донесе предност. 

Меѓутоа радоста траеше само седум минути, а потоа голема грешка на Талески. По центаршут од десната страна, Гало со глава упати млак удар, кој Талески се чини го имаше, но некако ја испушти топката, и заврши во неговиот гол. 

Се играше 39. минута кога една акција на Рига која почна од левата страна, па се префрли на средината и на десната до осамениот Иаго Сикера кој погоди во голот на Талески за водство на Летонците од 1-2 по првиот дел.

Се вчитува...