Вардар по девет години во елитата – Купс е идеален противник за продолжување на патот кон ЛШ!

Шампионот на Македонија, Вардар вечерва ќе го има своето деби сезонава во европските натпреварувања, откако на домашен терен ќе го пречека фински Купс, во натпревар од 1. коло од квалификациите во Лигата на шампионите.

Во добра атмосфера Кристијан Фабијани и неговите фудбалери го очекуваат денешниот меч и кам-бекот во елитата за кој скопскиот тим чекаше дури девет години.

„Дојде долгочекуваниот момент. Добро се подготвуваше екипата во Италија и со нетрпение очекуваме да почне мечот. Задоволен сум од подготовките. За мене ова е меч кој трае 180 минити и важен е првиот и вториот меч. Ќе се соочиме со тим кој е во натпреварувачка форма и можеме да кажеме дека игра со топка. Ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме. Веќр три месеци сум во Вардар. Очекувањата се големи, но сметам дека клубот не е 100% од она што верувам дека може да биде, но одиме чекор по чекор да се надградуваме и да бидеме се подобри“, изјави Фабијани. 

Слично размислува и капитенот Азер Омерагиќ…

„Имавме добри подговки, посебен мотив е ова за Вардар после девет годони да игра во Лигата на шампиони. Како екипа размислуваме чекор по чекор првиот меч прво па после на реваншот“, изјави Омерагиќ. 

Натпреварот кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е закажан со почеток во 19 часот.

Се вчитува...