Вардар победи и на вториот контролен натпревар за време на подготовките во Норчија, Италија, овој пат против аматерскиот тим на регионот Валнерина со 4-1.
„Вардарци“ целосно доминираа во првото полувреме кога настапи со првиот тим, поведувајќи со 4-0, со головите на Бабунски во 15. минута, Закариќ во 32. минута, Омерагиќ од пенал во 37. минута и Торес во 41.минута.
Противниците во продолжението само го ублажија поразот, за конечни 4-1.

Вардар во првото полувреме настапи во следниот состав: Талевски, Јанкулов, Матиќ, Велковски, Пулиео, Босанчиќ, Бабунски, Закариќ, Родригез, Омерагиќ и Торес, а во второто полувреме играа: Диковски, Мишковски, Најдовски, Мурџевски, Јефтовски, Пиреш, Данев, Тодоровски, Јаков, Николов и Дурански.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
