Вардар покажа дека има потенцијал, но има и уште многу работа пред себе (фотогалерија)

Ракометарите на Вардар загубија со девет гола предност на домашен терен од Рајн Некар Левен, губејќи ги сите шанси за пласман во групната фаза од Лигата на Европа на ЕХФ.

„Црвено-црните“ со она што го покажаа во првото полувреме дефинитивно демонстрираа дека поседуваат потенцијал, но истиот ќе мора значително да се развива, пред се за фокусот да се задржи на највисоко ниво во текот на сите 60 минути. Да се загуби од РНЛ, дури и со девет гола разлика, не е ништо срамно, но исклучително важно ќе биде да се извлечат поуки за Вардар да зачекори напред, во битка за трофеи на домашната сцена.

Таму ривалите дефинитивно не се на нивото на германскиот гигант, но Вардар по разочарувачката ланска сезона мора да се покаже во далеку подобро светло, иако дел од најдобрите лански играчи летово го напуштија клубот.

Се вчитува...