Вардар потврди: Гедбан е првиот Африканец во црвено-црниот дрес

Вардар го официјализираше она што стана јасно во изминатите 24 часа – Алжирецот Калифа Гедбан е изборот на „црвено-црните“ за нов голман на македонскиот првак. Во опција по заминувањето на Милиќ беа неколку чувари на мрежата, за на крајот изборот да падне врз 200 сантиметри високиот Гебдан.

„Гедбан во Скопје доаѓа со договор на една година, со можност за продолжување на уште една. Во летниот период беше на подготовки со тимот на Анхел Хименз во Шпанија, но во меѓувреме нашиот клуб се договори за негов трансфер во Скопје. Тој ќе биде првиот ракометар од Алжир што станал дел од тимот на Вардар, и воопшто прв играч од Африка што ќе игра за нашиот тим. Вардар го пријави Гедбан за настап во ЛШ, и тој ќе биде дел од тимот на следните натпревари“ – објавија „вардарци“ на својата официјална веб-страница.

„Црвено-црните“ во првото коло од Лигата на шампионите му гостуваат на европскиот првак Монпелје, дуел на кој Парондо сигурно ќе му ја додели улогата на прв голман на Милосављев, во ситуација кога Алжирецот сигурно воопшто нема да биде воигран со остатокот на тимот за експресно да биде стартер во таборот на „вардарци“.

Се вчитува...