ВАРДАР повторно со трофејот во Купот – Седми пат од 1961 до 2025! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

„Вардарци“, по 18 години чекање, дојдоа и до седмиот свој трофеј во историјата во Купот. Во 32-то финале од Купот на Македонија, Вардар дојде до седмата титула, од кои шести во независна Македонија дополнети и со оној од 1961 година во Купот на поранешна Југославија.

„Црвено-црните“ сега ја зголемија бројката титули пред Работнички кој има четири титули во Купот на Македонија, а понатаму следат Слога Југомагнат, Силекс и Македонија ЃП со по три освоени титули.

Вардар вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје славеше со 2-0 против Струга ТЛ, па избраниците на Гоце Седлоски сосема заслужено го добија пехарот од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.

Денешната победа во финалето на Купот, значи и настап за „вардарци“ ова лето во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

 

Се вчитува...