Вардар против летонска Рига во 2. квалификациско коло во Конференциската лига

Иако одигра храбро актуелниот шампион на Македонија, Вардар не успеа да го мине Купс во првото квалификациско коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Вардар своето европско лето го продолжува во третото по ранг натпреварување на стариот континент, Конференциската лига на УЕФА.

„Црвено-црните“ таму за противник ќе ја имаат летонска Рига која во воведното коло беше елиминирана од шампионот на Ерменија, Арарат со вкупен резултат од 4-3. Натпреварите се закажани за 23. јули кога Вардар ќе биде домаќин и седум дена подоцна во Летонија.

 

Се вчитува...