Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар денеска во големото скопско дерби на Чаир ќе му гостува на Шкупи во премиерниот меч од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Вардар игра одлично во овој дел од сезоната и веќе 13 натпревари во сите конкуренции е непоразен. Од друга страна Шкупи не се наоѓа во најдобра форма и во последните пет меча нема ниту една победа во елитата.
Натпреварот меѓу Шкупи и Вардар кој ќе се игра во Чаир е со почеток во 16 часот.
ПРВА ЛИГА – 30. КОЛО (денеска 16.00)
Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР
УТРЕ 16.00
Гостивар: БЕСА – АП БРЕРА
Скопје: ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ – слободен (ВОСКА СПОРТ се повлече од Првата лига)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА