Вардар првпат сезонава фаворит – против Беласица, „лавовите“ на гости во Тетово

Вардар за првпат сезонава, во 7. коло од Првата македонска фудбалска лига, ја носи фаворитската улога. „Црвено-црните“ на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ќе ја пречекаат Беласица, убедливо најслабата екипа во шампионатот, па сосема очекувано атакуваат на трите бода.

Натпреварот за избраниците на Александар Васоски ќе значи можност за ново бодовно дополнување и бегство од последните четири позиции на табелата. Иако, факт е и дека Беласица со новиот тренер Шефки Арифовски сигурно ќе атакуваат на првите бодови во новата сезона.

Во останатите мечеви, интересни ќе биде и во Тетово каде на Ренова гостува Македонија ЃП. „Лавовите“ имаат извонредна серија од две победи (Беласица и Вардар) и реми (Пелистер) на последните три натпревари, па сигурно посакуваат продолжување на серијата. Жикица Тасевски скрои сериозен тим, тактички одлично поткован, желен и за битка за местата кои носат кон Европа следната сезона.

ПРВА ЛИГА – 7. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Скопје: ВАРДАР – БЕЛАСИЦА

Тетово: РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ

Струмица: АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС

ВЧЕРА

Велес: БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 0-0

Се вчитува...