Фудбалерите на Вардар остварија убедлив триумф на стартот од Купот на Македонија. Црвено-црните со убедливи 5:0 го совладаа Овче Поле и се пласираа во осминафиналето на Купот на Македонија.
Вардарци резултатот го отворија во 35-тата минута преку Диабате и со минимална предност заминаа на паузата.
Во вториот дел, Омерагиќ даде два гола, а убедливиот триумф го заверија Спахиу и Николов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
