Вардар се налути па ја прегази Струга (ФОТО)

Поразот во финалето од Суперкупот на Македонија ги налути вардарци кои денеска со триумф од 39-26 го отворија 49. издание на Струшкиот турнир. Вардар беше доминантен во текот на целиот меч, а помош имаше и од новите засилувања Анте Кудуз, Јан Чувара, Џереми Тото и голманот Али Сафар.

Натпреварот беше израмнет само во воведните минути по кои „црвено-црните“ фатија ритам. Ги користеа грешките на стружани и од минута во минута ја зголемуваа предноста која на крајот на мечот изнесуваше +13. Чувара го предводеше Вардар со седум погодоци, додека Џереми натпреварот го заврши со шест гола.

Се вчитува...