Вардар се распадна во вториот дел: Монпеље доаѓа во Скопје со +10

Пораз на ракометарите на Вардар на првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европската лига од Монпеље. Без Хориха и Малус, дополнителен проблем беше и повредата на Да Силва, кој беше најефикасен по првиот дел, „црвено-црните“ немаа сили да дојдат до добар резултат пред реваншот во Скопје. Одбраната само во првиот дел одолеваше, додека во вториот се случи целосен распад на систмеот и играта на избраниците на Иван Чупиќ.  Сега ќе треба на реваншот да бркаат убедлива победа ако сакаат да продолжат во полуфиналето. Дополнителен проблем беше и повредата на Да Силва, кој беше најефикасен по првиот дел.

Вардар добро го држеше Монпеље во првиот дел. Не му дозволи да се одлепи резултатски, највисоката предност беше четири голови, а „црвено-црните“ успеаја на крајот да намалат на -2. Одбраните и на двата тима беа на висината на задачата, па така и немаше многу голови. Беше 12-10 за домаќините.

Клучната разлика и патот кон победа Монпеље си го отвори на стартот од вториот дел. Со серија од четири гола, домашните стигнаа брзо до 16-10, Вардар успеа да ја прекине оваа низа, па нова серија на Монпеље од 3-0, за предност во еден момент од 19-11. Вардарци дозволија нова серија на противникот, откако успеаја да намалат на 20-15, следуваа четири голови за Французините и за предност од 24-15, највисоки девет разлика. Оваа предност Монпеље ја држеше се до пред самиот крај. Во меѓувреме Чупиќ се обиде со тајм-аут да го „спаси“ натпреварот, меѓутоа ефект немаше.

Французите во последната минута стигна и до највисоката предност од 10 голови разлика, што беше и конечен исход.

Вилеминот и Монте Дос Сантос постигнаа по шест голови кај Монпеље, Мораес и Плантин дадоа по пет. Кај Вардар Митровиќ постигна шест, и Да Силва исто толку.

Се вчитува...