Вардар се спаси од голем срам: По пенал-рулет го елиминираше Вардар Форино

Фудбалерите на Вардар се спасија од огромна бламажа откако дури по изведување на пенали успеаја да го елиминираат Вардар Форино и да се пласираат во следната рунда од Купот на Македонија. Актуелниот првак на Македонија и покрај проблемите со кои се соочува сезонава сепак влезе со улога на апсолутен фаворит на овој натпревар, избраниците на Васоски се најдоа на чекор до рутински триумф откако поведоа со 0-2 преку Блажевски и Петковски, но Вардар Форино покажа квалитет и карактер успевајќи да се врати во мечот.

Емир Алиу беше клучниот играч во таборот на домаќините, откако во рок од само пет минути двапати го матираше голманот на Вардар и донесе реми.

Пенал-рулетот беше супер-драматичен, беа изведени дури девет серии, за промашувањето на Синани (ја погоди гредата) да се покаже клучно за скопскиот клуб да ги продолжи настапите во Купот на Македонија.

Се вчитува...