Вардар се врати на тренинг во Хиподром, подмирување на долговите нема, лиценцата и натаму виси

Фудбалерите на Вардар, по вчерапниот прв собир под водство на шефот на стручниот штаб Александар Васоски, денеска стартуваа со тренинзите пред продолжението на планираниот крај на актуелната сезона во Првата македонска фудбалска лига.

„Вардарци“ се пофалија дека се вратија со тренинзите на Хиподром, иако се уште главниот проблем на „црвено-црните“ е подмирувањето на долговите, во висина од два милиони евра, како би добиле лиценца за настап на европската сцена следната сезона. Се уште, според последните информации, нема подмирување на долговите, па и натаму виси лиценцата за најтрофејниот македонски клуб. Комисијата за лиценцирање при ФФМ деновиве треба и официјално да соопшти кои клубови добиле лиценца по поднесувањето на неопходната документација.

Продолжувањето на сезоната во ПМФЛ се очекува на 17. јуни. Управниот одбор на ФФМ на утрешниот состанок се очекува официјално да го потврди форматот за довршување на сезоната во Првата лига, според кој ќе бидат доиграни четири кола од третиот круг, со дополнителни пет кола преку плеј-оф и плеј-аут, без испаѓање од елитното друштво.

Се вчитува...