Вардар – Шкендија е „висок ризик“ и во Купот

Вардар и Шкендија утре повторно ќе ги одмерат силите, овој пат во рамките од првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија. И утрешниот дуел е прогласен за натпревар од висок ризик. За овој натпревар исто така важи забраната за присуство на гостински навивачи, па така на фановите на Шкендија нема да им биде дозволен влез на стадионот.

Организаторот Вардар информира дека билетарницата на источната трибина на „Телеком Арена“ ќе работи утре од 10 до 13:45 часот. Билет ќе чини 100 денари.

Се вчитува...