Вардар со огромен чекор кон титулата: Шкендија падна и третпат сезонава!

Актуелниот македонски шампион Вардар реализираше огромен чекор кон одбрана на титулата и сезонава откако и во третиот меѓусебен натпревар славеше против најголемиот конкурент, тетовска Шкендија. На „Телеком арената“ денеска „вардарци“ славеа со убедливи 3-1.

По оние претходно победи од 3-0 и 2-0, избраниците на Гоце Седлоски првпат сезонава примија и еден гол, но веќе е јасно дека Шкендија не може и не знае да го најде лекот за шампионот.

Вардар сосема заслужено стигна до триумфот, комплетно доминирајќи во текот на сите 90 минути. Можеа домашните да дојдат до предност и многу порано преку шансите на Барсегјан и Велковски, но сепак дојдоа до заслужената предност преку Барсегјан во 28. минута кој доби топка по катастрофалната грешка на противничкиот голман Јовановски.

Во продолжението Шкендија израмни преку Ибраими во 40. минута…

Но, откако Дејан Блажевски беше соборен во шеснаесетникот на тетовци, Хуан Фелипе од пенал во 45. минута донесе повторно предност за Вардар…

Бразилецот Фелипе во свој стил во 74. минута со прекрасен гол од слободен удар ги постави конечните 3-1.

По оваа победа Вардар веќе има седум бода предност во однос на Шкендија, на добар пат да стигне до одбрана на трофејот.

скупи - работнички 2

На Чаир, Работнички ремизираше (1-1) со Шкупи. „Романтичарите“ поведоа преку Суат Сахити кој стрелаше уште во 1. минута, но израмни Димитрија Лазаревски во 69. минута.

Силекс заслужено стигна до победата против Победа со головите на Каланоски и Недељковиќ во второто полувреме.

РЕЗУЛТАТИ….  ПРВА ЛИГА – 20. КОЛО
Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (3-1)
Барсегјан 28′, Фелипе 45′ (п), 74′ – Ибраими 40′

Кратово: СИЛЕКС – ПОБЕДА (2-0)

Каланоски 66′, Недељковиќ 90′

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

Лазаревски 69′ – Сахити 1′

Тетово: РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-2)

Велинов 45′, 49′ – Јонузи 15′, Стојкоски 70′

ВЧЕРА

Охрид: ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА 2-1

ТАБЕЛА: Вардар 47 бода, Шкендија 40, Пелистер 33, Работнички 32, Ренова 27, Силекс 27, Шкупи 17, Победа 16, Македонија ЃП 16, Брегалница 11 бода.

Се вчитува...