Вардар со плус шест на полувреме против Е. Пелистер

Ракометарите на Вардар имаат предност од 18-12 на полувреме против Е. Пелистер во македонското Ел класико и се на само 30 минути до враќање на титулата која ја чекаат три години.

Натпреварот почна со погодок на Дејан Манасков за водство на гостинот од 0-1. Домашните возвратија со серија од 3-0, па по четири минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 3-1.

Радивојевиќ врза два гола па многу брзо пелистерци се вратија во егал 3-3. Следуваше нова црна дупка на гостите по која со голот на Малус во 9. минута Вардар за првпат стигна до плус три (6-3).

Во следните минути се играш гол за гол, а точно на средина на првиот дел при резултат (9-7) тренерот на домашните Иван Чупиќ го повика својот прв тајмаут. По паузата домаќините за првпат сгигнаа и до плус четири (13-9) откако Митровиќ реализираше пенал во 23. минута. По ова за првпат минута одмор искористи и тренерот на гостите Алексо Лембанов.

Следуваше еден дуел меѓу Хенигман и Малус по кој ракометарот на Пелистер доби директен црвен картон. Следуваше нов гол на Малус за плус пет 14-9. До крајот на првиот дел Вардар имаше и плус шест 17-11, а на пауза се замина со резултат 18-12.

Се вчитува...