Вардар со победа над Бутел за крај на сезоната во која ја врати титулата во Суперлигата!

Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар со победа над Бутел во 34-36 ја завршија сезоната во која успеаја да ја вратат двојната круна на домашен план во Скопје.

Натпреварот беше израмнет во текот на сите шеесет минути во кој и двата тима не ризикуваа во одбраната како не би дошло до некоја посакувана повреда. Митровиќ и Камада со по шест гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Тодор Узунчев и Дејан Михајловиќ постигнаа по осум гола.

За „црвено-црните“ ова е 16. титула во домашниот шампионат со што останува најтрофеен тим во македонското првенство.

 

Се вчитува...