Вардар со победа против Дукла ги заврши подготовките во Анталија… (ВИДЕО)

Вардар со победа против чешкиот прволигаш Дукла од Прага ги заврши подготовките во Анталија.

На денешниот дуел против Чесите, „вардарци“ славеа со 1-0 со погодокот на Јован Попзлатанов во 50. минута од средбата…

Тренерот Чедомир Јаневски денешниот меч го започна со следниот состав: Гачевски, Брдаровски, Грнчаров, Новак, Глишиќ, Марковиќ, Глигоров, Фелипе, Попзлатанов, Барсегјан, Блажевски.

Ова беше трета победа на Вардар во шестте пријателски натпревари во Анталија. Претходно славеа и против Заглебје (3-0) и Берое (1-0), а имаа и реми со Словачко (2-2) и порази од украински Черноморец Одеса (0-1) и узбекистански Пахтакор (0-2).

Се вчитува...