Вардар со пораз (1-0) се враќа од Ерменија: Конате ја тресеше мрежата на „црвено-црните“

Македонскиот вицепрвак Вардар загуби со 1-0 од Пјуник, на гостувањето во Ерменија, во рамките на првиот меч од воведното коло во квалификациите на Лигата на Европа. „Црвено-црните“ имаа слабо издание, и ќе треба да се потрудат многу повеќе на реваншот по седум дена во Скопје, доколку сакаат да ги продолжат надежите за пласман во следното коло.

Очигледно е дека овој тим на Бобан Бабунски е значително послаб по квалитет од тој што со Чедомир Јаневски настапуваше во групната фаза во Лигата на Европа минатата сезона.

Пјуник ја имаше првата шанса на мечот во шестата минута, кога Војнов шутираше од непосредна близина, а Гачевски успеа да ја сочува мрежата, со помош и на дирекот. Ерменскиот тим сепак стигна до водство во 28.минута. Конате шутираше од далечина, топката удри во еден одбранбен играч на Вардар, го смени правецот и го изненади Гачевски.

До крајот на првиот дел, Лира се закани кон голот на Пјуник, но немаше никакви проблеми за домашниот тим.

Во 50.минута, Брасегјан се обиде од слободен удар, но шутираше над голот, а во финишот и Попов не успеа да донесе израмнување. Вардарци ќе мораат многу подобро во Скопје, доколку не сакаат да го завршат европскиот пат уште на стартот од натпреварувањето оваа сезона.

ЛИГА ЕВРОПА, ПРВО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

ПЈУНИК – ВАРДАР 1-0 (1-0)

Стадион во Ереван. Судија: Оценас (Словачка). Стрелец: Конате 28’ (Пјуник). Ж. картони: Григорјан, Аветисјан, Хакобјан (Пјуник), Битанг, Барсегјан (Вардар).

ПЈУНИК: Кобозев, Григорјан, Кадио, Жестоков, Дмитриев, Аракелјан (65’ Минакјан), Трусевич, Хајрапетјан, Војнов (58’ Хакобјан), Конате (79’ Коријан), Аветисјан.

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Новак, Попов, Манев, Битанг, Исени (67’ Адем), Мицевски, Цветаноски, Барсегјан (75’ Максимов), Лира (46’ Бериша).

Се вчитува...