Вардар со проблеми пред првиот меч со Рига

Вардар се соочува со огромни проблеми во пресрет на утрешниот натпревар од второто квалификациско коло за Конференциската лига во кое македонскиот првак за противник ќе ја има Рига.

„Црвено-црните“ по елиминацијата од Купс веќе немаат право на нова грешка во европските купови, но задачата да се стигне до позитивен резултат со Рига значително се компликува со новите повреди во таборот на македонскиот шампион.

Најдобриот дефанзивец Дарко Велковски е повреден и нема да може да настапи на утрешниотт натпревар со гостите од Летонија, а последните информации говорат дека повреден е и Торес, летното засилување од Силекс, кој исто така нема да може да му помогне на тимот во обид да се стигне до позитивен резултат против Рига.

Матиќ веќе извесен период влече незгодна повредата на раката, но се очекува овој фудбалер да се најде во тимот и да помогне со бандажирана рака во текот на натпреварот.

Се вчитува...