Фудбалерите на Вардар одиграа нерешено 1-1 против тимот на Ла Фиорита од Сан Марино, во претпоследниот контролен натпревар во рамките на подготовките во Италија.
Единствениот погодок за „црвено-црните“ на овој меч беше дело на новото засилување Жерсон Родригес, кој погоди по асистенција на Данев. Ова е уште еден дуел меѓу овие две екипи, откако минатата сезона се соочија во Конференциската лига, каде Вардар славеше во Скопје со 3-0, а на гостински терен во Сан Марино одигра 2-2.
До крајот на престојот во базата во Норчија, актуелниот македонски шампион ќе одигра уште еден контролен натпревар, а противник ќе биде тимот на Виртус од Сан Марино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
