Македонскиот фудбалски шампион Вардар во контролен натпревар триумфираше против Виртус од Сан Марино со 3-2, како дел од подготовките на клубот во Италија.
Вардарци поведоа со 1-0 со голот на Закариќ во 7. минута. На 2-0 зголеми Дарко Велковски во 20. минута.
Тимот од Сан Марино со два гола во 52. и 55. минута израмни на 2-2, додека конечните 3-2 ги постави Закариќ во 80. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
