Вардар со ултиматум до Оцвирк: Нов клуб за десет дена или суспензија?!

Словенецот Грегор Оцвирк важи за ракометен бисер откако ја предводеше својата земја до златен медал на младинскиот европски шампионат, па кога потпиша договор со Вардар се чинеше како одличен потег и за ракометарот, но и за „црвено-црните“, кои требаше да добијат исклучително квалитетен и перспективен играч во своите редови. Неколку месеци подоцна, се чини дека сонот се претвори во кошмар за младиот словенечки играч, кој воопшто не е дел од плановите на Парондо.

Како што пишуваат словенечките медиуми, тој имал состанок со директорот Кокшаров, на кој јасно му било ставено до знаење дека мора час поскоро да си најде нов клуб.

Оцвирк доби ултиматум, во наредните десет дена да пронајде нов клуб, или ќе биде суспендиран“ – информираат словенечки медиуми.

Самиот ракометар во изјава за „Дело“ прокоментира „Имав проблеми, но сега се е во ред. Сакам да ја завршам сезоната овде“, не демантирајќи ги гласините дека неговиот агент интензивно бара нов клуб.

Како можна опција се споменува Железничар Ниш, каде тренер е актуелниот селектор на Словенија, Веселин Вујовиќ, кој би имал можност одблиску да се запознае со квалитетите на младиот бек пред да реши дали да го вклучи во сениорскиот национален тим.

Се вчитува...