Ракометарите на Вардар цврсто чекорат кон шампионската титула сезонава откако славеа против Алкалоид со 30-27 во 28. коло од плеј-оф разигрувањето во Суперлигата на Македонија.
По денешниот триумф на одбележувањето на 65-годишниот јубилеј, „црвено-црните“ сега дојдоа на само бод од потврда на шампионскиот трофеј.
На денешниот дуел против Алкалоид од самиот почеток јасно дадоа до знаење дека се цврсто решени да дојдат до победата, и покрај тоа што гостите почнаа резултатски далеку посигурно и со предност од 3-4 во осмата минута. Но, потоа следеше пресврт, па „вардарци“ во 25. минута дојдоа до водство и од 14-10.
Сепак, до полувреме Алкалоид ја намали предноста на домашните за 17-14 пред паузата.

Во второто полувреме вардарци повторно почнаа со предност, поведувајќи и со пет гола разлика, за да сепак Алкалоид успее да ја намали предноста за конечни 30-27.
Најефикасен во победата на Вардар беше Јака Малус со осум гола, а Воркапиќ заврши со пет погодоци. Одличен на голот беше Валах со 14 одбрани.
Кај Алкалоид, се издвои Ненад Костески со шест постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА































