Вардар веќе мора по бодови, стружани без Захариевски ќе „лечат рани“ по поразот од Пелистер

По трите почетни пролетни натпревари без победи, Вардар веќе мора да размислува на бодови од денешната пресметка со Струга ТЛ во 22. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Без разлика на сите проблеми со кои се соочуваат, „црвено-црните“ мора во желбата за опстанок да размислуваат на бодовите од терен. За тоа се свесни во таборот на Никола Илиевски – Џиџи иако знаат дека секој натпревар за нив е повеќе од тежок.

„Нема лесен натпревар за Вардар оваа пролет. Знаат фудбалерите дека ќе биде тешко и против Струга, но собираат сили да го дадат како и досега максимумот на терен само за оддолжување кон себе и своите навивачи“ – вели Илиевски.

Во составот на Струга ТЛ, пак, не размислуваат на ништо друго освен победа.

„Не размислуваме апсолутно на ништо друго освен освојување на трите бода од пресметката со Вардар“ – вели дефанзивецот Клисман Цаке.

Струга ТЛ на клупата ќе биде без тренерот Срѓан Захариевски кој доби два меча суспензија по исклучувањето на претходниот дуел со Пелистер.

ПРВА ЛИГА (22. КОЛО, денеска, 14 ч.)

Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ

Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

Битола: ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ

ВЧЕРА

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1-0

Се вчитува...