Вардар во 94.минута испушти триумф во Битола

Вардар во 94.минута испушти триумф во Битола. Црвено-црните имаа предност до последните секунди на 52. вечно дерби под “Тумбе кафе” но Пелистер успеа да дојде до конечни 1-1.

Вардар поведе во 32.минута со прекрасниот погодок на Матеј Цветаноски.

Кога се чинеше дека трите бода ќе заминат во Скопје, домашните израмнија во четвртата минута од судиското продолжение со автоголот на Бразилецот Чарлестон.

Вардар по осум натпревари сега е со 11 бода, а Пелистер со бод помалку од црвено-црните на табелата.

Се вчитува...