Вардар во акција по три бода против Арсими, „Комити“ во акција против Миленко

Актуелниот шампион Вардар, предводен од новиот тренер Миодраг Божовиќ – Гроф денеска од 19 часот во акција за три бода против Арсими во 6. коло од Првата македонска фудбалска лига. Најверните навивачи на клубот, „Комитите“, пак, како што најавија за последен пат ќе го бодрат својот тим по што почнуваат бојкот на клубот се до заминувањето од него на извршниот директор Миленко Неделковски.

„Вардарци“ силно веруваат дека може да дојдат до победата, со која ќе се приклучат кон врвот од табелата.

Но, и од таборот на Арсими најавуваат максимална борба во желбата за позитивен резултат.

„Го почитуваме шампионот Вардар, но одиме да играме фудбал и да се бориме до крај. Ќе го дадеме максимумот во секоја минута. Создадовме многу шанси и покажавме квалитет. Тоа ни дава верба дека можеме да се спротивставиме и на најсилните. Ветувам дека ќе се бориме до крај. Ќе дадеме се од првата минута до последниот свиреж. Се надевам дека на крај ќе вратиме од Скопје со позитивен резултат” – вели одбранбениот фудбалерот на Арсими, Мухједин Дардишта.

„Комитите“, пак, од денеска го почнуваат бојкотот на клубот, пред самиот натпревар со „герила акции“ низ градот „украсувајќи“ го со транспаренти за барање за заминување на првиот човек Миленко Неделковски.

 

Се вчитува...